Магливо утро и претежно облачно време денеска

Претпладне со појава на магла по одделни котлини. Преку денот сончево со мала до умерена облачност, која во попладневните и вечерните часови постепено ќе се зголемува. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 4, а максималната ќе достигне од 8 до 16 степени.

Во Скопје, претпладне со појава на магла, преку денот претежно облачно со слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне 9 степени.

Од петок следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Дневните температури значително ќе опаднат.