Магични денови во декември

Освен што е последниот месец во годината, декември ни ја носи магијата на празничните денови, но и нови почетоци.

Ова се магичните денови во последниот месец од годината.

1 декември – Ретроградниот Нептун ни донесе многу проблеми, но тие исчезнуваат на првиот ден од декември. Се подобруваат односите, а за многумина од нас претстојат денови на силна мотивација и продуктивност.

12 декември -  Совршен ден за учење и духовност. Материјалните работи преминуваат во втор план, додека пак на прво место ќе бидат пријателството, љубовта и посветеноста.

13 декември – Овој ден носи премин на Марс во знакот на Стрелец и сета енергија е насочена на заштита на нашето знаење, идеали и животни принципи. Ова е ден и кога ќе бидеме смели и ќе им помогнеме на другите.

14 декември -  Го носи метеорскиот дожд Геминид кога небото ќе биде осветлено на убав начин. Замислете си желба.

21 декември – Ова е денот на зимската краткодневница, а важен е бидејќи ни носи внатрешен баланс и верба во најдоброто.