Магичната Венера Вага носи љубов, среќа и возвишена енергија

Венера во Вага носи убави моменти за сите хороскопски знаци до 21 ноември.

Венера влегува во знакот Вага, каде и најдобро се чувствува и ни носи убавина, естетика, мода, уредување и пријатни партнерства. Таа од нас бара да бидеме средени, да се фокусираме на естетиката и да се насочиме кон нашиот физички изглед. 

Таа е период кога луѓето пронаоѓаат партнер или ја зацврстуваат својата љубовна врска во нешто посериозно. Затоа, тука е и Сатурн кој носи стабилност, постојаност и сериозни врски.

Таа е особено моќна за родените во знакот Бик или подзнак Вага. Сепак, со оглед на тоа дека се наоѓаме во 2020 година, работите нема да бидат едноставни. Таа прави напнат аспект во опозиција со Марс, а потоа навлегува во квадрат со Плутон, Јупитер и Сатурн. Ова ќе донесе напнатост и кавги, тешки емоционални ситуации и омраза, но и фатална љубов која ќе донесе многу болка.  За многу долги врски, може да дојде и ладење на односите. 

Меѓутоа, не е сè така црно. Таа е успешна во тактизирањето, љубезноста и е мирољубива. Таа носи убави моменти, само ќе биде потребно да ги препознаеме.