М-р Фатиме Зибери, клинички психолог: Во земјава нема програма и стратегија за лекување на зависност од екрани

Не можеме без мобилните телефони. Без да се вклучиме на социјалните мрежи. Едноставно, секојдневието подразбира често, ако не и постојано „онлајн“ присуство. Интернетот и технологијата се неизоставен дел од нашите животи, како од возрасните, така и од младите. Но, што кога користењето на уредите преминува во зависност? 

Ова е особено загрижувачко кога се во прашање младите. Поминувањето време пред екран подразбира повеќе активности, како играње видео игри, пишување пораки, гледање видеа, присуство на социјални мрежи итн. Родителите често ги загрижува ваквата појава, па во таа насока разговараме со Фатиме Зибери - магистер на клиничка психологија/гешталт советувач и асистент на Меѓународниот Балкански универзитет. Прво нешто кое што треба да се објасни е што претставува самата зависност?

-Зависноста како поим се разбира како компулсивна, хронична, физиолошка или психолошка потреба за супстанција, однесување или активност што создава навика, која има штетни физички, психолошки или социјални ефекти исилна склоност да се прави, користи или се препушта на нешто постојано. Значи со зависнот не се подразбира само зависник од одредени супстанци, туку се смета и како психолошко нарушување на однесувањето и когнитивните аспекти, се смета за хронична состојба или прекумерно дејство на една или повеќе навики. Зошто велиме навики? Затоа што секогаш започнува како навика до губење на контролата од она што започна како навика и љубопитност - вели м-р Зибери.

Колку чест е проблемот со зависност од екраните и социјалните медиуми кај младите?

-Зависноста од социјалните медиуми и екраните денес кај младата популација е глобален проблем. Последните бројки ни покажуваат дека 56,8% од младата популација на возраст од 11-12 години е зависна од екраните - истакнува м-р Зибери.

Тука се доаѓа до прашањето, какви се последици може да донесе ваквата состојба?

-Сега, секоја зависност носи последици и повеќе во менталното здравје, почнувајќи од социјална изолација, агресивност и агресивно однесување, а во некои случаи, за жал, може да предизвика депресивно однесување, нарушувања на расположението и некои видови психози. Како што реков во некои случаи, тоа се манифестира со незаинтересираност за социјални активности, дружење или физички активности, анксиозност, фрустрација, агресивно однесување и тенденции за самоповредување - вели м-р Фатиме Зибери.

Психолозите имаат препораки за тоа како треба да се постапи во вакви случаи, со цел да се спречат поголеми последици. М-р Зибери сепак нагласува дека во земјава немаме програма или стратегија за лекување на овој тип на зависност.

-Најчесто препорачуваме одржување на отворени дебати со психо-едукативен карактер на кои младите ќе бидат свесни за ризиците, за да можат навреме да ги препознаат симптомите. Третманите на зависност најчесто се состојат од психолошко-психотерапевски но и во некои случаи и психијатриски методи, но и со фармаколошки третман доколку се работи за зависност од супстанции. Но, во овој случај, семинари, дебати, семинари и групни советувања, соработка семејство-училиште-психолог/психотерапевт и други институции придонесуваат и се добра алатка за справување со оваа појава. За разлика од програмите за третман на зависност од супстанции, овде немаме програма или стратегија за лекување на овој зависник, но она што може да се направи е внимателно следење и навремено идентификување на случаите за да можеме подоцна да интервенираме со меѓу институционална соработка - заклучува м-р Зибери.