„Лузер фест“ ги одбра своите финалисти

CONTACT 59, FREAK UNIQUE, INKLINGZ, LINCOLN LETTER, МАРИНАЛЕДА, SHELL SHOCK, STRING ROAD и THE LOCAL BLUE се осумте финалисти на Лузер Фест.


Со овие имиња се затвора првиот круг на Лузер Фест и се очекува финалето за поддршка на младите бендови на кои вакви настани им се исклучително потребни.

Влезниците за Лузер Фест 2016 ќе се продаваат на денот на одржувањето, на билетарата на МКЦ, по симболична цена од 100 денари. Наскоро ќе бидат објавени и дополнителни информации за овогодинешното издание на фестивалот, меѓу кои и изведувачите кои ќе настапат како гости на Лузер Фест.

И оваа година Лузер Фест, покрај тоа што ќе се одржи како предвесник на главната фестивалска вечер на Таксират, воедно ќе биде и затворање на годинашното издание на ПИН музичката конференција која ќе се одржи во МКЦ во  Скопје, на 25-ти и 26-ти ноември. И тоа не случајно, бидејќи целиот концепт на конференцијата е осмислен како посебен предизвик пред сѐ за музичарите, меѓу кои и бендовите од Лузер Фест, кои ќе имаат прилика да поминат два дена заедно со дел од најголемите имиња од европската музичка индустрија и директно да бидат вклучени во дискусиите и актуелните теми за музичката уметност и индустрија денес.

Пред да ги запознаеме и чуеме финалистите во живо на Лузер Фест, како најава на она што нѐ очекува, само накратко ви ги претставуваме потенцијалните нови победници...