Лулзим Сулејмани од болнички кревет сведочи за несреќата: Успеав да ја спасам вереницата и уште пет лица

Лулзим Сулејмани од Прешевската долина ја преживеа автобуската несреќа во Бугарија и успеал да помогне и на неколку други патници.

Тој е хоспитализиран во болница во Бугарија од каде, за ТВ Клан, раскажа што се случувало.

-Додека одеше автобусот, од десната страна удри во тротоарот, тркалата на автобусот пукнаа и почна да избувнува пожар и имаше многу чад во автобусот. Потоа автобусот се движеше 20 метри лево и сам застана. Луѓето почнаа да повраќаат, да врескаат како во хорор филмови. Успеав да избегам бидејќи го зедов чеканот во автобусот и го скршив стаклото. Ја извадив свршеницата и уште пет лица“, изјави Сулејмани за ТВ Клан.

Фото: Тв Клан