Граѓаните реагираат на високите цени на храната, со оглед дека за една година трошоците за живот се зголемени за 2 отсто, а цените на мало за 3 проценти.
Инфлацијата го „јаде“ стандардот на граѓаните, па така се повеќе има сиромаштија. За ова, преку објава на својот фејсбук профил, алармира активистката Ана Глигорова.
Нејзината објава која предизвика бура од реакции на социјалните мрежи ви ја пренесуваме во целост:
- Влегуваш во маркет, септември 2024 година за да купиш секојдневни продукти. Храна. За едно четиричлено семејство, за преживување дневно потребно е:
Зеленчук, крставици (1 кг) - 120 ден, домати (1 кг) - 100 ден, кромид (1/2 кг)- 40 ден.
Овошје, два килограми по избор 300 денари.
Млечни производи - 2 л јогурт - 160 ден, 1 л млеко - 70 ден, сирење - 1 кг - 450 ден, павлака - 70 ден
Месо (пилешко 1 кг) - 500 ден.
Леб (два) - 80 ден.
Вкупно 1890 ден. ( да заокружиме на 2000 ден. со други продукти кои ќе бидат купени).
За еден месец 2000 ден по 30 дена е 60 000 ден, или 1000 евра.
Ако се работи за семејство со две малолетни деца и две плати по 500 евра, под услов целата плата да се даде за храна, за преживување, без сметки, кирија, рати од кредит, облека, потреби за децата, превоз, ова е неподносливо место за живеење.
Под претпоставка, двајацата да земаат плата по 1000 евра, може и нешто да се заштеди, под услов да не се плаќаат рати за стан или кирија.
Ако само едниот во семејството работи (најчесто тие се најдискриминирани од газди и шефови) за 25 000 денари, овие луѓе се мачат во сиромаштија, некавлитетно се хранат, не им стигнува за сметки, многу тешко живеат. Многу ги има, невидливи се за оваа скапана елита која гледала полни кафичи и бесни коли, па се прашувалац- од каде им се парите. Луксуз ли е децата да се однесат на море еднаш годишно? Луксуз ли е кашкавал да се купи? Е па луксуз е за оние кои не ги гледате а многу често ми пишуваат дека едвај преживуваат. Тие по кафичи не излегуваат, се возат со автобус и имаат мобилен кој не е луксуз во 2024 година. Доста со демагогија и летање во облаци дека немало сиромаштија, таа преовладува, мамицата во чипка расипана либерална, елитистичка!