
Кандидатот за градоначалник на општина Карпош, Сотир Лукровски, од редовите на ВМРО ДПМНЕ за претстојниот викенд закажа средба со карпошани. Сака да ги слушние идеите и предлозите на самите жители.
- Во недела, 27 јули, во 20 часот, ве поканувам на средба во Парк Тафталиџе – местото каде заедно ќе разговараме за иднината на нашата општина. Ќе споделиме идеи, размислувања и предлози како Карпош да го направиме пофункционален, похуман и поблизок до граѓаните. Во пријатна атмосфера, со кафе и освежување, ве очекувам на отворен муабет, сподели тој на својот фејсбук профил.