Лујза Хеј: Која грешка го блокира среќниот живот?

 

Сè додека во својата душа негувате огорчени мисли, нема да можете да бидете апсолутно среќни. Како можете да бидете среќни во моментот, кога во себе негувате бес и лутина? Огорчените мисли не носат радост – без оглед на тоа дали вие сте ја направиле грешката или некој друг, без оглед на тоа дали имате право...

Никогаш нема да успеете да пронајдете среќа во минатото. Дури кога ќе си простите на себеси и на другите, ќе успеете да се ослободите од „канџите“ на минатото. Ако имате чувство дека долго стоите во едно место или дека вашите афирмации не функционираат, тоа значи дека не сте се збогувале со многу работи од минатото. 

Доколку сегашноста не оди по планот, причината може да биде тоа што сте останале заглавени во минатото. Одредени чувства поради некои ситуации од минатото, како тага, каење, повреденост, страв, грижа на совест, вина и лутина можат да го уништат вашето ментално здравје и енергија. Секоја од овие состојби произлегуваат од вашата неподготвеност да простите, вашето одбивање да го оставите минатото зад себе и не држите чекор со сегашноста. Дури тогаш ќе можете да се посветите со создавање на својата иднина. Секој кој е заробен во минатото, не може да биде свесен за сегашноста. Зошто скапоцените моменти од животот да ги трошите на отровни состојби од минатото?

Исто така кога обвинувате некој друг за вашата состојба, грешки или одредени ситуации, тоа значи дека не сте доволно силни за да се соочите со своите чувства. Во секој момент од животот, луѓето околу вас можат да предизвикаат непријатни реакции со своето однесување, но вие сте тие што ја контролирате вашата глава, а не тие. Преземете одговорност за своите чувства и дејства и почнете да носите свесни одлуки. 

Многу луѓето го сфаќаат простувањето на сложен начин и не прават разлика меѓу простување и прифаќање. Да простите некому не значи да ги подржувате неговите лоши постапки. Самиот чин на простување е нешто што го правите во својот ум и тоа на ниту еден начин не е поврзано со другата личност. Поентата на вистинското простување е да се ослободите од болката и тоа е  наједноставниот начин да се ослободите од негативната енергија. Простувањето подразбира ослободување од негативните работи – прво развивате свест дека се во вашата душа, а потоа ги отфрлате и конечно се ослободувате.

Огорченоста, лутината и бесот – можете да совладате секоја од овие чувства. Изборот е ваш. На вам останува дали и натаму ќе бидете навредени и ќе размислувате за мрачните спомени или едноставно ќе си направите услуга и ќе ја отфрлите сета негативност што се случила во минатото.

Кога ќе го направите тоа, ќе бидете подготвени да направите чекор напред и да создадете среќен и исполнет живот.