Луѓето во вашиот живот се вашето огледало

Луѓето се нашето огледало.

Ова е една од најголемите тајни во животот и нешто што мораме да го разбереме за да изградиме подобри односи. Секоја личност која постои во нашиот живот е наше огледало и во неа постои дел од нас. 

Квалитетите на кои им се восхитуваме на другите луѓе се истите квалитети кои и самите ги имаме без оглед на тоа дали сме свесни или не. Тоа значи дека за да смениме нешто во врските, потребно е да промениме прво нешто во себе. Кога тоа ќе го сфатиме, ќе разбереме и дека самите ги привлекуваме таквите луѓе и дека најчесто не можеме да ги обвинуваме и да се чувствуваме како жртва.

Ако се бориме со истите проблеми и предизвици во врските, тоа не значи дека нашата судбина е таква, туку дека постои нешто во нас со што ги привлекуваме таквите партнери или пак пријатели. Тоа е изградено на нашите искуства и односи од минатото, но и она што го гледаме или сме го гледале во нашето семејство.

Ако ни е тешко да најдеме соодветна личност, веројатно сме се препуштиле на негативните верувања дека врските се тешки и дека е комплицирано да се биде во врска. Или пак можеби избираме партнери кои едноставно не знаат да сакаат и тоа се повторува и повторува. 

Но, единственото нешто заедничко за сите наши врски и пријателства сме ние самите. Каква и да е личност која ќе ја избереме за партнер или пријател, таа е наш избор. Тоа можеби ќе нè изнервира од почеток, а сепак таа е вистината. Но, штом го сфатиме тоа, можеме поинаку да се поставиме. Прво, кон себеси, а потоа и кон другите.

Самите ја креираме нашата реалност и кога веќе ќе знаеме дека е тоа така, тогаш ќе носиме и посвесни и подобри избори за себеси.