Луѓето се заедно сè додека сакаат да бидат заедно

Луѓето се заедно сè додека сакаат да бидат заедно. Кога некој сака да остане, тој останува.

Кога некој сака да остане, ниту една твоја маана нема да му пречи. Кога сака да си отиде, ништо нема да го задржи. Ни должноста, ни честа, ни моралот не го врзуваат човекот за друго битие. Кога човек сака да си замине, ќе си замине. 

Секогаш ќе има некој кој ќе те сака. А секогаш ќе има некој кој ќе те одбие. Ако те одбие, тоа не значи ништо. Ти не си полоша или помала личност поради тоа, навистина не се случува ништо страшно. На светот постои личност само за тебе, која ќе те прифати и сака. Ценете го она што го имате, не жалете по изгубеното и не се плашете од пораз. 

Скршеното срце навистина многу боли и навистина е тешко кога некој кого толку многу сме го сакале, гледаме дека веќе не сака ништо со нас и сака да си замине. Но, понекогаш и ние сме во таа ситуација. И тогаш, едноставно најважно е секој да продолжи по својот пат, наместо меѓусебно да се измачуваме и да се малтретираме.

Секој заслужува да ја пронајде својата среќа, макар и тоа да значи дека ќе бидеме среќни со други, нови луѓе.

Тоа е љубовта. Еден ден те воздигнува, другиот ден избледнува. И понекогаш не можеме ништо да сториме околу тоа. Она што можеме да го направиме е да продолжиме со исправена глава и да пронајдеме ново срце кое ќе ни се радува и кое ќе нè сака.