Луѓето од слама...

Луѓето од слама често се кријат зад убави манири, облека и ласкави зборови.
Луѓето од слама навидум изгледаат дека се цврсти како орев, но всушност се само празна лушпа.
Луѓето од слава често се арогантни, бескруполозни и себични.
Луѓето од слама не знаат што е тоа емпатија, сочувство и етика.
Луѓето од слама мислат дека со пари може да се купи љубов, почит и праведност.
Луѓето од слама најчесто имаат добро образование, но немаат знаење во вистинска смисла, немаат знаење за животот.
Луѓето од слама го градат својот живот врз основа на надворешна моќ и авторитет, а не врз основа на внатрешната сила на духот.
Луѓето од слама се држат заедно и се групираат како еден куп сено, за да делуваат посигурно и појако.
Луѓето од слама брзо се сушат.
Луѓето од слама не се постојани.
Луѓето од слама лесно горат и не оставаат трага зад себе.
Луѓето од слама се проѕирни и препознатливи за оние кои знаат да гледаат.