Лозари од Тиквешко најавуваат протест

Лозари од Тиквешко најавуваат дека претстојниов викенд ќе одржат предупредувачки протест зашто не се задоволни од откупните цени.

Протестот, велат, ќе се одржи на влезот во Неготино од страната на автопатот Скопје – Гевгелија.

-Протестот ќе трае од 10 до 15 часот во сабота и недела. Со тоа ќе го изразиме својот револт од незадоволителните цени кои пред претстојниот гроздобер ги нудат најголемиот дел од винарските визби. Очекуваме нашиот глас да го слушнат откупувачите и надлежните во државата кои се посредници помеѓу лозарите и винариите. Се надеваме дека ќе наидеме на разбирање и дека првично објавените цени ќе се корегираат, рекоа организаторите на протестот.

Според нив, најголем дел од винариите повторно манипулирале со тоа што нуделе помалку пари за килограм грозје, доколку исплатата ја извршат веднаш по откупот.