Ловоров лист: Го чува срцето, ги убива вирусите и ги лечи дишните патишта

Во само еден лист се крие неверојатна ризница на состојки за нашето здравје.

Ловоровиот лист е чудесна билка кој помага кај различни здравствени состојки.

Бронхитис и грип

За оваа состојба, потребно е да направите чај од ловоров лист кој ќе го подготвите на тој начин што 3 исецкани листови ќе ги ставите во 10 дл вода и ќе варите околу 10 минути. Потоа оставате да стои поклопено околу дополнителни 10 минути, па процедувате. Така го добивате чајот во кој можете да додадете и лимонов сок и 2 лажици мед.

Мачнини и замор

Комбинацијата на состојките во ловоровиот лист делува смирувачки на телото и психата. Тоа што треба да го направите е да запалите неколку листови во просторот во кој сте и да вдишете од чадот.

Дишни патишта

Освен што помага кај бронхитисот, одличен е за вадење на слузта од дишните патишта. Најдобар начин е да ставите свежи или суви листови во топла вода и да инхалирате.

Дијабетес

Истражувањата покажуваат дека конзумирањето 3 листови на ден го намалува нивото на гликоза кај луѓето кои имаат дијабетес тип 2.

Варење

Ставајте го почесто во храната којашто ја јадете, а тоа ќе ви помогне да го подобрите варењето и метаболизмот.