Лошиот период не е оправдување за лошото однесување

Ние не сме она што ни се случува, туку она што сме одлучиле да бидеме. Пречесто ги оправдуваме туѓите лоши постапки, велиме дека тие имале лош период, година или живот. Пречесто го оправдуваме лошото однесување на другите, нивните трагедии, драми или лоши животи. Премногу се трудиме да го оправдаме она што не се оправдува. 

Можеби немаме многу избори во животот, но имаме избор да бидеме луѓето кои сакаме да бидеме. И ако некој одбрал да биде лош човек, тоа е негов избор. За тоа не се виновни ни разведените родители, ниту општеството, ниту повредувањата. Виновна е самата личност. 

Лош период не е оправдување за лошо однесување. 

Лош живот не е оправдување за некој да биде лош човек. 

Сите ние понекогаш се распаѓаме и имаме лоши периоди во животот, но сепак наоѓаме начин да се составиме и да се вратиме на нозе. 

Следниот пат кога ќе трпите нечие лошо однесување, навреди, одбивања, дерење или што и да е она што ве повредува и кога ќе посакате да ги оправдате, сетете се на една работа:

Нормалните луѓе не одат наоколу и не уништуваат животи. 

И пресечете. И викнете ако треба. Не затоа што боли, туку затоа што вредите. 

И бидете љубезни кон луѓето, никогаш не знаете какви борби водат во себе, а не ги кажуваат на глас.