Лошата услуга при достава на пратки ја рушат довербата на граѓаните во он – лајн трговијата

Граѓаните се почесто се жалат и реагираат на услугите кои го добиваат од компаниите кои се одговорни за достава на пратките, а тоа ја руши довербата во он – лајн трговијата. Доставата на производ во Скопје се чека и по десетина дена, за низ државата може да потрае и подолго.  Лошиот сервис за достава на пратките наместо да влијае на зголемување на свесноста на он-лајн трговија, тоа делува дестимулативно врз купувачите. Вакво искуство многу често во форма на поплака добиваме до редакцијата на Скопје Инфо, а тоа сведочи за ниското ниво на корпоративна култура помеѓу компаниите кои разнесуваат пратки и работат брз пошта.

Граѓаните забележуваат на лошиот однос на куририте, спората достава, непрофесионалниот однос и пратките. Тие сведочат дека пратки кои имаат голема вредност доцнат десетина денови од денот предвиден за испорака. Во една од реакциите кои изминатите денови пристигна до редакцијата на Скопје Инфо, скопјанка забележува на доставата на пратки од компанијата „Студио модерна“ или позната како „Топ Шоп“ која преку компанија за брзи пратки „Делко“ доцнела 14 дена.

Како споредна забелешка на која тие реагираат е непрофесионалниот однос на вработените во службите на поштите за достава. Најчесто граѓаните тешко добиваат информација за статусот на својата пратка.  Хаосот во доставата на пратките беше присутен за време на полицискиот час, но и во овој период на новогодишни празници кога тие работат со зголемен обен на активности, но и метежот во сообраќајот е поголем, па тешко стигнуваат до саканата локација.

„Целта на он-лајн трговијата е граѓаните да ги купат своите производи преку интернет и истите да ги добијат во разумен рок, а не за нив да се чекаат со недели или седмици“, вели во својата реакцијата скопјанката, која е една од многумината граѓани кои за ваков или сличен проблем реагираат во изминатиот период.

Додека повеќето сектори во економијата трпат загуби и се борат за опстоување поради кризата предизвикана од Ковид-19, забележан е раст на електронската трговија (е-трговија) во Северна Македонија. Анализата на Асоцијацијата за е-трговија покажува дека граѓаните во Северна Македонија во е-продавниците во првите три месеци од годинава потрошиле вкупно 28,9 милионни евра онлајн, а само во месец март 10,1 милион евра. Ова претставува пораст од 17,9 милиони евра (61,5%), во однос на периодот во првите три месеци од претходната година. Податоците покажуваат дека е-трговијата, во месец март оваа година, пораснала за 99% во однос на март претходната година.