Лоренс Оливие и Вивиен Леих: Тажна вистина за една од најголемите романси на 20-тиот век

Лоренс Оливие е еден од најдобрите актери на сите времиња. Тој е роден 1907 година во англискиот град Доркинг.

Номиниран е 10 пати за престижната награда Оскар, но иако со своите филмски улоги го обележува златното доба на Холивуд, сепак негова прва љубов бил театарот. Всушност тоа и кон него ја привлекло неговата колешка Вивиен Леих.

Вивиен во 1935 година ја добива улогата во претставата The Mask of Virtue. По една од изведбите, Оливие и пришол  и честитал за сјајно одработената улога. По тој миг, Вивиен на една од своите колешки и рекла дека тој е мажот со кој таа ќе се омажи.

Но, тоа не би било чудно ако Оливие тогаш не бил во брак со актерката Џул Есмонд, а таа во брак со Херберт Леих Холман. Британскиот бунтовник не го сакал теататор и не ги поддржувал нејзините настојувања да се изгради како театарска актерка, што било и една од причините поради која Вивиен била несреќна во својот брак.

Една година по запознавањето меѓу Лоренс и Вивиен, тие ги добиле главните улоги во филмот Fire Over England. Минувале многу време на снимањата, но  и надвор од нив, а нивните дружења мошне брзо преминале во тајна афера.

Не можев да си помогнам кога стануваше збор за неа. Ниту еден маж не можеше да си помогне. Се мразев себеси што ја изневерив Џил, но иако ја изневерував и претходно, ова беше нешто поинаку. Тоа не беше само страст. Тоа беше љубов кој јас не ја барав, рекол Оливие.

Актерот во 1939 година почнал да работи на филмската адаптација на Орхански Височини и ја оставил Вивиен во Англија. Нејзе студиото и понудило споредна улога во истиот филм, што актерката тешко го поднела бидејќи верувала дека треба да ја добие главната улога. Но, разочарувањето брзо го заменила поради друга главна улога во друг филм кој ја лансирал меѓу најголемите ѕвезди. Станувало збор за филмот Однесено со виорот.

Снимањето на филмот не поминало лесно бидејќи Вивиен добила репутација на личност со тежок карактер, но тогаш никој не знаел дека нејзиното однесување не е резултат на разгаленост или лош карактер, туку поради биполарно пореметување, што тогаш не било препознаено како болест. Вивиен се плашела дека филмот ќе биде голем пропаст, но оваа улога и донела невиден успех и Оскар во категоријата најдобра главна актерка.

Во тоа време, Вивиен и Оливие во исто време поднеле барање за развод, а својата врска ја криеле се додека службено не се развеле од своите брачни партнери. Стапиле во брак на 31 август, 1940 година во Санта Барбара.

Сепак, во тоа време поради лошите написи на медиумите, многу од нивните проекти пропаѓале, бидејќи новинарите не сакале да им простат за нивното изневерување и тајна афера. Двојката се вратила во Англија во 1943 година, а во 1944 година отпатувале во Северна Африка за да ги посетат британските воени сили.

Но,по враќањето на Вивиен и е дијагностицирана туберколоза, по што неколку недели поминала во болница. Иако докторите ја советувале да ја прекине кариерата на некое време за да се опорави, сепак таа не ги послушала. 

За време на снимањето на филмот Цезар и Клеопатра во 1945 година, дознала дека е бремена, но доживеала спонтан абортус по паѓањето од скали во текотна снимањето. Ваквата случка ја фрлила во депресија.Во тоа време, нејзината кариера почнала да опаѓа, а кариерата на Оливие никогаш не била подобра. По турнејата во Австралија и Нов Зеланд, дошол крајот на нивниот брак. Вивиен патела од тешка несоница, а потоа и двајцата се впуштиле во афери со свои колеги.

На крајот се развеле во 1960 година,а Вивиен починала од туберколоза во 1967 година. 

Кога Оливие го видел нејзиното мртво тело, почнал наглас да бара прошка од жената за која тврдел дека ја сакал повеќе од себе. 

Не можам да кажам зошто останав со неа толку години. Не знаев што друго да направам. Не следеа скандали, големи и мали проблеми, но ја сакав повеќе од животот. Тоа ме направи одлучен, таа ме смени од корен, истакнал Оливие за својата голема љубов.