Локал од Аеродром ќе мора да плати 6 илјади евра казна поради бучава

Општина Аеродром изрече и наплати парична казна во висина од 6 илјади евра на правно лице за надминување на максимално дозволеното ниво на бучава.

- При мерење на бучава од страна на инспекторите за еден од угостителските објекти на териоторијата на општина Аеродром е констатирано дека правното лице го нарушило мирот на граѓаните со штетна бучава. Имено, врз основа на член 50 став 1 од Законот за заштита од бучава во животната средина, нивото на бучава при вршење на угостителската дејност треба да е во рамките на пропишаните гранични вреднисти, инфомрираа од општината. 

Општина Аеродром апелира до правните, но и до физичките лица да се придржуваат до пропишаните правила и закони со што ќе се избегнуваат нарушувања на мирот на жителите, а воедно и тие како институција да не бидат доведени до други вакви и слични ситуации во кои мора да изрекуваар прекршочни санкции.

Инспекторите на Општина Аеродром се постојано на терен, а секое детектирано прекршување на законите подложи на парична глоба.

- Истовремено, ги повикуваме аеродромци доколку забележат какво било несовесно однесување, веднаш да пријават кај нашите служби, порачаа од локалната самоуправа.