Љубовта не треба да боли

Се надевам дека еден ден, кога некој ќе ве примора да изберете помеѓу тоа да бидете нивното „можеби“ или „ништо“, дека ќе изберете „ништо“.
Се надевам дека кога некој ќе престане да ви го дава она што го заслужувате и ќе ви дава само некаков минимум, вие ќе одлучите да си заминете.
Ве молам да се збогувате со таа личност ако лошото го надминува доброто и ако вашето срце е исполнето со стрес, а не со љубов.
И се надевам дека ако некој прави вашето срце да моли за поинаков избор, вие ќе си заминете.
Љубовта не треба да боли и вашиот партнер не треба да ве прави нервозни или да не можете да дишете кога сте околу него. Не треба да се чувствувате како бранови да поминуваат низ вашето тело секојпат кога ќе ви каже дека треба да промените нешто кај вас или да се сомнева во вашата интелигенција. 

Можеби ќе се скршите, но ќе станете поцврсти.
Вашето срце ќе биде подготвено да го сака она што го заслужува.
Вие заслужувате многу повеќе, драги мои.

 

~ Амбер Армстронг