Љубовта на бабата кон внуците е најсовршената љубов на светот...

Љубовта на бабата е едно од најискрените, најчистите и најубавите чувства кои децата ги искусуваат во животот. Има една кинеска изрека кој вели: „Најсовршената љубов е љубовта на бабата кон првиот внук“. И тоа е вистина. Иако класичната слика за бабите е променета, тие секогаш ќе имаат посебно место во животот на децата. 

Кога ќе го добијат првиот внук, некои жени добиваат чувство дека со тоа започнува нивната старост. Но, првиот контакт со детето им го исполнува животот и им дава смисла. Бабите тогаш сфаќаат дека не само што ги израснале своите деца, туку и доживеале и да ги видат наследниците на своите деца. 

Бабите се трудат да бидат поддршка и помош во животот на малото ново човече. Денешните баби водат поактивен живот и работат и покрај останатите улоги кои ги имаат во животот. 

Кога жената ќе дојде во оваа фаза, односот меѓу мајката и ќерката се поправа – тие стануваат пријателки кои разменуваат искуства. 

Бабите играат важна улога во животот на внуците затоа што тие даваат голема емотивна поддршка. Затоа родителите треба да го признаваат нивниот труд и да бидат повнимателни кон постарата генерација и тоа да им го пренесат и на децата.

Бабите сакаат да ја придобијат љубовта на своите внуци и да им посветат повеќе време. Тие се полни со нежност, но се трудат да најдат баланс меѓу поврзаноста и слободата, без да ја изгубат својата магична улога. 

Кои се вашите најубави спомени од вашите баби?