Љубовна дилема: може ли играта топло-ладно да биде добра за врската?

Замислете ситуација во која запознавте прекрасна личност. Двајцата сте слободни, тој има баш добра енергија, прекрасни очи и суперобликувано тело. Не верувате во љубов на прв поглед, но овој дечко баш ви се допаѓа.

Веќе по првиот состанок бевте сигурна дека и вие му се допаѓате, дека ве гледа како да сте единствена на светот, а ни вие не ја криете својата заинтересираност.

Но, тогаш ќе почнат да ви се вртат мисли во главата, па и сопствениот памет ќе ве издаде. Во главата ви доаѓаат мисли дека премногу сте се опуштиле, дека сепак треба да бидете малку поладни кон него и дека е попаметно да дигнете рачна и да ги затскриете своите чувства. И тогаш на сцена настапува истата топло-ладно алатка за привлекување внимание, која истовремено може да биде корисна но и опасна за вашите чувства.

Зошто возрасните луѓе играат топло-ладно?

Кога станавте поладни кон него, тој стана уште подобар кон вас. Ви посветува повеќе внимание, почесто ви праќа пораки и ве распрашува што ви е. Набрзо ќе му дојде преку глава од тоа ваше однесување (од таа лажна незаинтересираност) па и тој ќе стане поладен. Како тој се лади – така вие се загревате. И се така во круг...

Многумина ќе речат дека треба да бидеме транспарентни, искрено и отворено да зборуваме за своите чувства и така да развиваме квалитетен љубовен однос кој ќе потрае на задоволство на двајцата.

Меѓутоа, играта топло-ладно е чиста психологија, а психолозите тврдат дека против таква причинско-последична врска, едноставно немаме шанси.

Значи, колку и да е некоректна, затоа што се темели на глумење, играта топло-ладно во мозокот прави дополнителна заинтересираност.

Постојат многу причини зошто луѓето ја играат оваа игра, а психолозите сметаат дека е дел од играта покажување моќ и сила која почесто ја практикуваат мажите. Во оваа игра нема победник, иако страната која манипулира често се чувствува така, посебно ако го добие точно она што го сака – дополнителна љубов, внимание и потврда за своите квалитети.

Играта топло-ладно автоматски ја активира желбата за потрага, која е својствена за сите нас. Поинтересно ни е она што ни е недостапно, а страста расте на територијата на која мораме малку повеќе да се потрудиме.

Тоа е основна психологија која не мораме посебно да ја објаснуваме, но таа никако не би требало да биде темел врз кој ќе градиме квалитетен љубовен однос. Никој од нас не сака парнерот да се вљуби во личност која не постои во реалноста.

Зошто не треба да ја играме оваа игра? 

  • Замислете колку убави моменти би можеле да доживеете само кога би се препуштиле на своите чувства. Ако во своето срце пронајдовте љубов – споделете го тоа со саканата личност.
  • Дали воопшто сакате страст испровоцирана со својата (лажна) незаинтересираност?
  • Ако имате потреба да играте топло-ладно, поработете на својата самодоверба. Прифатете ги своите квалитети.
  • Ако сте се соочиле со ваков играч, запамтете дека тоа не е до вас. Се работи да личност која си игра со вас.
  • Поздраво е да ја прекинете врската основана на лаги, отколку да си ги трошите времето глумејќи (или гледајќи како некој ви глуми).