Љубовен хороскоп за ноември 2020: Јарците и Овните ќе ја сретнат својата сродна душа

Што ни носат ѕвездите на полето на љубовта во текот на ноември за време на владеењето на Шкорпијата и Стрелецот?

Овен

Заљубените Овни ќе го  чувствуваат хипнотичкото дејство на романтичното расположение. Влијанието на Венера носи хармонија во нивните партнерски односи, поголемо разбирање и толеранција. Сетете се на тоа колку е важна љубовта и какво убаво чувство ви носи во животот. 

Слободните Овни ќе чувствуваат прилив на позитивна енергија и силни емоции. Ќе ви се чини дека среќавате средна душа каде и да се појавите и подготвени сте да се предадете на емоциите, без да брзате некаде. Ѕвездите ви советуваат да останете со отворен ум.

Бик

Заљубените Бикови ќе ја сфатат потребата за приватност. Ако го цените друштвото на саканата личност, можеби овој период ќе се чувствувате како да ви е потребен простор и нема да имате желба сите работи да ги делите со саканата личност. Бидете тактични и јасно објаснете како се чувствувате и што ви е потребно.

Слободните Бикови ќе се преиспитуваат. Соберете ги своите емоционални искуства, согледајте ги начините на кои се однесувате и пробајте да се разберете себеси. Тоа е најдобар начин да сфатите што сакате и да се држите до своите вредности, без компромиси. Ве очекуваат мали искушенија поврзани со површни односи, но тоа само ќе ја продлабочи вашата потреба за подлабока смисла на ова поле.

Близнаци

Во партнерските односи доаѓа до мирен период полн со топлина и прифаќање. Се чувствувате приземјено и стабилно и подготвени сте да го дадете најдоброто од себе. Ако ви е потребна стабилизација на односот на повисоко ниво, отворено разговарајте со саканата личност за тоа. Ќе бидете добро расположени и ќе можете да разговарате и за иднината, ако е тоа што го посакувате. 

Слободните Близнаци ќе се заљубат на сосема неочекуван начин. Ако се помиривте со самотијата досега, ова е време кога ќе ја препознаете својата сродна душа, а можно е тоа да се случи со личност која долго ја знаете. 

Рак

Во партнерските односи доаѓа до длабоки сознанија – ќе сфатите некои свои несвесни потреби и истовремено ќе се трудите подобро да го разберете партнерот. Можно е да го однесете вашиот однос на едно повисоко ниво, ќе пронајдете заеднички јазик и ќе можете да планирате. Добар период за почеток и реализација на заеднички планови.

Слободните Ракови ќе имаат можност да запознаат нова посебна личност. Планетите ви носат личности со која ќе ги зацелите раните од претходните врски и која ќе го залечи вашето скршено срце. Можеби ќе ви треба време да ја запознаете оваа личност, но одете чекор по чекор. 

Лав

Заљубените Лавови ќе почнат разговор за чувствителни теми кои долго ги занемарувале во врската. Можеби ќе треба да признаете нешто или да и простите на саканата личност, но доколку ви значат потрудете се да пристапите со доверба и без страв. Искреноста може да ви помогне подобро да се поврзете и да ги решите сите ситуации во вашиот живот.

Слободните Лавови ќе се соочат со чувства кои долго ги криеле од другите, или за кои не биле свесни. Ако станува збор за личност која се појавува во вашите соништа некое време, преземете иницијатива, ризикувајте и дознајте на што сте. Не се плашете од одбивање.

Девица

Заљубените Девици доаѓа до период на истрајност и длабока поврзаност. Тоа може да биде некоја одвоеност која ве фрустрира и прави да се сомневате во врската или пак некое признание кое ќе ве налути. Исто така, можеби ќе почувствувате привлечност кон треба личност и ќе бидете во искушение да навлезете во паралелна врска. Внимавајте, ѕвездите ве предупредуваат дека тоа нема да ви донесе ништо добро.

Слободните Девици ќе бидат насочени кон себеси. Не сте задоволни од себеси веќе некое време и чувствувате дека проблемот е во вас, а не во луѓето кои ги среќавате. Во овој период би можеле да најдете многу одговори на прашања кои ве мачат. Набљудувајте ги вашите односи со блиските луѓе, минати и сегашни и свртете се кон оние кои ви носат позитивно расположение.

Вага

Заљубените Ваги треба да останат трпеливи овој период и да обрнат внимание на саканата личност. Слушајте, набљудувајте, разговарајте, за да постигнете хармонија со саканата личност, но и со себеси. Можеби ќе почнете да правите планови за иднината, особено големи промени кои досега биле ризични за вас.

Слободните Ваги ќе се трудат да најдат хармонија во нивните животи, пред да се осврнат кон другите луѓе кои ги привлекуваат. Морате да бидете сигурни во себе за да можете да се насочите кон друга личност, тоа ви е јасно. Само треба да го реализирате.

Шкорпија

Заљубените Шкорпии ќе успеат да остварат мир и стабилност во партнерските односи. Сензибилитетот ви се засилува, а трпението се продлабочува и тоа е одлично. Посветете се на интимата, поминете време со саканата личност во пријатна атмосфера, разговарајте и засилете го својот однос.

Слободните Шкорпии ќе имаат можност да ја прошират својата перспектива и да ја согледаат љубовта од некоја друга перспектива. Можеби ќе се потрудите да ги скршите стереотипите и да ги прекршите правилата. Имајте предвид дека работите не се секогаш такви како што изгледаат. Пробајте да видите што ви одговара.

Стрелец

Заљубените Стрелци ќе се соочат со тешкотии да ги контролираат своите чувства, па тоа може да донесе до конфликти со саканата личност. Се чувствувате нестабилно и се однесувате непредвидливо -  не можете да се усогласите со себеси а камоли со саканата личност. Потребно е да најдете начин да го канализирате својот набој, така што потрудете се да ја проширите својата перспектива и да ги набљудувате своите љубовни односи со разбирање и прифаќање.

Слободните Стрелци ќе се борат со себеси, во обид да ги надминат своите емоционални ограничувања со кои се судираат на секој чекор. Прифатете се себеси во целост, а во меѓувреме видете која е личноста која највеќе ви одговара.

Јарец

Планетарните аспекти носат длабоки преиспитувања и размислување за Јарците кои се во врска. Ќе имате потреба да се дистанцирате од саканата личност и да се посветите на себеси. Поради тоа, би можеле да наидете на недоразбирање и драма, особено ако партнерот има силна потреба за внимание. Избегнувајте ги конфликтите кои ќе ве исцрпат. Ставете се себеси на прво место, но искомуницирајте го тоа со саканата личност.

Слободните Јарци ќе бидат во романтично расположение – можеби нема да се чувствувате така додека не запознаете личност која ќе ви го одземе здивот. Тогаш работите ќе почнат да се одвиваат спонтано и интензивно и ќе доведат до убав хаос во вашиот организиран живот. 

Водолија

Во партнерските односи доаѓа до чувствителен период -  ќе бидете насочени кон себеси и своите лични искуства, па тоа може да делува сомничаво за саканата личност. Покажете доверба, а побарајте ја и од саканата личност. Тоа е клучно за вашата врска овој период.

Кај слободните Водолии, планетарните аспекти поттикнуваат романтични очекувања, придружени со позитивна енергија и силна самодоверба. Ќе бидете активни и храбри во однос на прашањата поврзани со љубовта и страст и ќе пробувате нови ситуации. Ова е можност да сфатите што е тоа што го сакате. 

Риби

Заљубените Риби се соочуваат со убави промени на ова поле. Се намалува напнатоста на ова поле, се зближувате со саканата личност и одите чекор по чекор кон продлабочување на врската. Партнерот го цени тоа.

Слободните Риби сакаат акција. Но, пред тоа, потрудете се да го согледате она што ве плаши и ограничува и не пробувајте да го контролирате она што се случува. Само малку набљудувајте се себеси.  Ова е месец кога многу работи ќе ви станат појасни и ќе ви ги донесат промените кои ги посакувате.