Лисица ги изненади скопјани

Како оваа лисица се најде во урбана средина, се уште нема информација, но скопјани се изненадени. 

Оваа фотографија е споделана на Твитер.

 

 

Лисиците ги има во Зоолошката градина или пак по ридовите и планините. Тие се сметаат за итри животни, кои ловат во текот на ноќта, имаат добар слух, но затоа видот им е многу слаб. 

Нејзината трага може да се помеша со трагата на помало куче, но се разликува по тоа што нејзината трага е потесна од онаа на кучето. Територијата која ја покрива лисицата обично изнесува околу 4 квадратни километри, а живее во јами што се во главно концентрирани на работ на шумата. Лисиците живеат главно сами, а само за време на парењето доаѓа до зближување на мажјакот и женката. Лисицата го носи младенчето од 50 до 56 дена. Кога ќе се роди, младенчето во просек има маса околу 80 грама, а на врвот на опашката и на градите има бели праменчиња.