Ликовен натпревар меѓу децата од Аеродром

Општина Аеродром ги повикува децата да бидат дел од ликовниот конкурс што традиционално се организира секоја година по повод 9 Мај, Денот на Европа!

Ликовниот конкурс е со цел да се промовираат европските вредности и да се поттикне детската креативност.

Затоа, децата од основните училишта и детските градинки во Општина Аеродром ќе се натпреваруваат на ликовниот конкурс „Моите соседи како мои пријатели“.

За тројца победници во категориите предучилишна возраст, одделенска и предметна настава се обезбедени парични награди.

На крајот следува скромен коктел.