Лифт се откачил во зграда во Скопје - во него имало мајка со дете

На 26.01.2019 година околу 15,00 часот 36- годишната А.В од Скопје пријавила дека на улица "Вангел Тодоровски" во Скопје, кога влегла во лифт во зграда заедно со нејзиниот малолетен син и го притиснала копчето за 3-от кат лифтот се откачил и паднал едно ниво подолу.

На А.В. и е укажана лекарска помош во Комплекс клиники "Мајка Тереза" од каде по укажаната лекарска помош е пуштена на домашно лекување. Извршен е увид на местото на настанот и известен јавен обвинител.