Лицата со попреченост заслужуваат да не вртите глава, порача Ребека

Познатата пејачка Ребека Јанковска Ристески, која во јавноста е позната како гласноговорник за правата на лицата со попреченост и ретки болести, е мајка на едно такво дете. 

Имено нејзиниот син Маркијан боледува од ретка болест, а таа е негова најголема подршка и секогаш отоврено говори за унапредувањето на правата на овие маргинализирани лица и ги споделува своите искуства. 

Во пресрет на денешниот ден, 3. декември кој се одбележува како Меѓународен ден на лицата со попреченост, таа сподели порака на својот фејсбук профил. 

- Види синко, мама е тука, но кога ќе остаре мама и кога ќе ја нема еден ден во ова општество сам нема да можеш можеби ни да купиш нешто за јадење, а камо ли да се заштитиш од сиот тој свет на кој не му е грижа за лицата со попреченост. Освен со Божја волја ако се случи некое чудо. Отприлика вакви се мислите на родителите на лицата со попреченост. Ако имате барем малку сочувство за овие лица секој еден од вас нека направи она што е во негова моќ и нека не врти глава. Лицата со попреченост тоа го заслужуваат, вели таа во својот статус на фејсбук.