
Уапсени возачи од велешко и од Чашка, кои управувајќи возило под дејство на алкохол предизвикале сообраќајни незгоди.
Како што информираат од МВР, вчера (26.12.2025) во 20:20 часот, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода М.Ј.(59) од село Раштани, велешко. Претходно, на улица „Раштански пат“ во Велес, управувајќи мопед „томос“ без регистарски ознаки, тој изгубил конотрола и паднал на коловозот. При преземање мерки во врска со незгодата, констатирано е дека М.Ј. го управувал возило под дејство на алкохол, односно дека има 2,87 промили алкохол во крвта.
Исто така вчера во 21:50 часот, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Б.Н.(27) од Чашка. Претходно, на регионалниот пат Велес - село Извор, тој со патничко возило „бмв“ со штипски регистартски ознаки, кое го управувал, излетал надвор од патот. При преземање мерки во врска со незгодата, констатирано е дека Б.Н. го управувал возило под дејство на алкохол, односно дека има 3,01 промили алкохол во крвта.
По целосно документирање на случаите против нив ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“, додаваат од МВР.