Летувате во Грција? Тогаш мора да го знаете ова!

Доколку сте моментално на летен одмор или на кратко, викенд уживање во Грција, тогаш треба да знаете дека полицијата во Грција уапсила 65-годишен маж, зашто истиот е под сомнение дека е виновен за големиот пожар што минатата седмица избувна на островот Тасос. Оваа информација ја објавија медиумите во Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Според истите информации, уапсениот се товари за подметнување пожар, а во неговиот автомобил бил откриен запалив материјал.

Се очекува во текот на денот, 65-годишниот да биде изведен пред јавен обвинител во Кавала.