Летување на кредит - да или не?

Со зголемувањето на температурите, почнаа и летните одмори, иако многумина се уште размислуваат каде да го поминат својот одмор. За жал, голем број не можат да си дозволат летување, па или ќе останат дома или ќе побараат спас во кредитите кои ги нудат банките.

Додека некои граѓани за својот летен одмор штедат во текот на целата година, други спас бараат во кредитите за летување кои ги нудат банките во Македонија. Без разлика која дестинација ќе ја одберете за вашиот летен одмор, дали тоа ќе биде на море, на езеро, на планина или пак во викендичка на пријател најважно е да уживате и добро да се одморите во убаво друштво.

Живееме во мошне тешки времиња. Крпиме крај со крај и платите не ни стигнуваат ни до 20-ти, а камо ли до крај на месец. Се трудиме да скратиме од многу работи, но некако кога доаѓаат летните одмори, на никого не му се седи дома. Иако нема доволно средства, сепак се одлучува да отиде на море и да се одмори.

Туристичката понуда атрактивна – граѓаните во потрага по пари за да се истурка и оваа летна сезона 2019-та. Банкарите потврдуваат дека значајно е зголемен интересот за кредитни картички и за ненаменските потрошувачки кредити, банкарски производи до кои најбрзо и најлесно се доаѓа.