Летните диети се полесни ако ги збогатите со малини

Малината е едно од најомилените летни овошја, истовремено е богата и со хранливи состојки, но е и нискокалоричен избор за ужина, дури и кога не сте на диета. 

Доколку се применува диета со малини, може да се изгубат и 2-3 килограми за три дена.

Токму три дена трае летната диета со малини, којашто вклучува четири оброци во текот на денот, од кои барем еден треба да содржи протеини од животинско потекло. 

Прв ден:

Појадок: 1,5 чаша малини со шест лажици несолена урда или 4 парчиња младо сирење
Ужина: Милкшејк со малини
Ручек: Пилешки стек со домат
Десерт: Две чаши малини
Вечера: Милкшејк со малини

Втор ден:

Појадок: 100 грама малини
Ужина: 150 грама малини
Ручек: Филет бела риба и 100 грама зеленчук како прилог
Вечера: 200 грама малини и 100 грама ореви

Трет ден:

Појадок: Една чаша јогурт и 100 грама малини
Ужина: 200 грама малини и неколку ореви
Ручек: 150 грама говедско месо и салата од зелка и моркови
Вечера: Две печени јаболки со ореви и една чаша свежи малини

Количината на малини која ќе ја изедете во овие денови ќе ви помогне побрзо да ги согорувате вишокот масти и калориите. Месото е задолжително поради ефектот на „прочистување“ којшто се случува со јадењето малини, односно снабдување на телото со доволно животински протеини за време на режимот на исхрана. Не држете ја диетата подолго од три дена. Повторете по најмалку три недели.