Летна салата со кускус и зеленчук

За оваа салата не е потребна никаква особена филозофија, ниту пак строги инструкции. 

На секое пакување кускус е наведено во колку вода треба да се потопи, за да го добие потребниот волумен. 

Откако ќе го попарите со зовриена вода, ставете масло, за да не се залепи. 

Во меѓувреме, исецкајте димено пилешко, пиперки, домат, магдонос, како и неколку маслинки. 

Можете да ставите и кромид и грав од конзерва. 

Измешајте во изладениот кускус и уживајте во оброкот. Мерките адаптирајте ги според сопствениот вкус.