Ова е нашиот омилен летен пијалок.
Тој е освежителен, со малку калории, а содржи само неколку состојки.
Потребно ви е:
3 смразни праски
2 чаши минерална вода
неколку коцки мраз
За почеток, потребно е да ги исечете праските на парчиња и да ги ставите во кеса а потоа во замрзнувач. Ставете ги во блендер и убаво изблендирајте за да добиете хомогена смеса. Додадете ја минералната вода и потоа измешајте ја смесата.
Послужете во чаши и додадете неколку коцки мраз.