Летен освежителен напиток кој ќе ве разлади и ќе ги стопи килограмите

Овој летен напиток ќе ви помогне да го подобрите својот метаболизам, а и да ги намалите килограмите.

Многумина мислат дека намалувањето на килограмите бара екстремни диети, но важни се здравите навики кои ги градиме низ животот. Некои од нив вклучуваат зелен чај, избегнување на шеќерите, но и напитоци кои имаат огромна моќ како овој.

Лимоните се одлични бидејќи содржат големи количества на природни влакна, витамин Ц и антиоксиданти кои го подобруваат варењето, ја подобруваат структурата на нашата кожа, го штитат имунолошкиот систем, а помагаат и во борбата против вишокот килограми. Особено важни се полифенолите кои го поттикнуваат топењето на мастите. 

Слично на тоа, краставиците се богати со витамин А и К, кои играат голема улога во намалување на телесната тежина. Освен тоа, тие се богати со природни влакна, а содржат многу малку калории.

Како да го подготвите овој пијалок?

Потребни ви се:

¼ тенко сечена краставица

½ тенко сечен лимон

3 чаши вода

мраз (по избор)

Измешајте ги сите состојки, но не ги миксирајте во блендер, туку ставете ги во бокал. Оставете да отстои барем половина час во фрижидер, а потоа можете да го конзумирате овој напиток наместо вода во текот на денот.