Летен доматен сос за паста

Ова е доматен сос со кој ќе го збогатите вкусот на тестенините.

Photo by sentidos humanos on Unsplash

Потребни состојки:

1 кг свежи домати

1 лукче

половина лажичка сол

малку босилек

½ шолја маслиново масло

Начин на подготовка:

Измијте го доматите и оставете ги да се исцедат. Исечете ги на парчиња и ставете ги во сад на тивок оган. Изгмечете ги чешнињата лук и додадете ги во доматите. Додадете маслиново масло и убаво мешајте. Чекајте да зоврие, но не премногу. На крајот додадете ги солта и босилекот. Ако е потребно, додадете уште малку сол. Оставете да отстои. 

Во сосот подоцна можете да додадете рендан пармезан.