„Лесни и богоугодни“ - Од денеска почнуваат почнуваат Богородичните пости

Денеска за православните верници започнува Богородичниот пост кој ќе трае до 27 август, во пресрет на големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица – Голема Богородица, кој се одбележува на 28 август.

Во текот на овие 14 дена верниците се воздржуваат од мрсна храна и, покрај телесниот пост, се повикуваат на молитва, смирение и духовна подготовка за празникот.

Постот започнува во петок кога православните христијани го слават празникот Светите седум маченици Макавеи. 

Македонската Православна црква го објави типикот за овој пост.