Лекарска Комора нема да и ја одземе лиценцата на заразената директорка на Кожно - Може да добие само јавна опомена

Директорката на Кожно која е заразена со корона вирус и поради несовесното однесување доведе во опасност повеќе од 200 лица, нема да остане без лиценца за работа.

Лекарската Комора вели дека може само да добие јавна опомена како највисока казна, а за тоа ќе одлучува етичката комисија на ЛКМ.

Велат дека во ЗЗЗ не е предводена мерка за загрозување на јавно здравје. Од ЛКМ побараа од здравстврните работници да ги почитуваат препораките на здравствените власти кои биле идентични со мерките од СЗО. (извор - сител.ком.мк)