Ледени коцки

Потребни состојки:

 За Бисквит:

6 јајца

6 лажици шеќер

2 лажици масло

3 лажици какао

6 лажици брашно

1 прашок за печиво

За прелив:

Половина чаша (100 мл) шеќер

Една чаша (200 мл) вода

За крем:

750 мл млеко

2 пудинзи од ванила

1 лажица густин

10 лажици шеќер

250 г маргарин

1 ванилин шеќер

За глазура

130 г чоколадо за готвење

6 лажици масло

 Постапка:

1.Јајцата и шеќерот изматете ги со миксер, додадете масло и на крајот брашно помешано со какао и прашок за печиво. Смесата прелијте ја во тепсија (26х38см). Испечете го бисквитот и кога ќе биде изладен прелијте го со врел прелив.

2.За прелив: сварете ја водата со шеќерот.

3.Крем: 250 мл млеко измешајте со пудинг и густин, а на остатокот од млекото додадете му го шеќерот и зовријте го. Во врелото млеко истурете ја смесата со пудингот и мешајте додека да добиете густ крем. Оладете со повремено мешање за да не фати кора.

Во ладниот крем додадете пенасто изматен маргарин со ванилин шеќер, и миксајте малку подолго за да биде кремот повеќе воздушест. Премачкајте преку бисквитот и оставете во фрижидер да се стегне преку ноќта. Следниот ден ставете ја глазурата: чоколадото стопете го на пареа и измешајте го со маслото.