ЛЕД светилски за тунелот помеѓу Скопје и Велес

Завршено е осветлувањето на тунелот на делницата Скопје-Велес, јавија од Министерството за транспорт и врски. Со зафатот, тунелот доби ново ЛЕД осветлување, кое ќе ја подобри видливоста и безбедноста на учесниците на сообраќајот на овој дел од патот. Покрај осветлувањето поставена е и нова вертикална и хоризонтална сигнализација. Ова е втор тунел на кој е изведено осветлување, по тунелот кај Катланово. До крајот на годината се очекува да биде осветлен и третиот тунел на делницата помеѓу Катланово и Велес.

Со проектот, се опфатени вкупно 7 тунели на најфреквентните патни правци во земјава. Покрај патот јужно од Скопје, ќе биде осветлен и тунелот на патот кон Блаце, како и уште еден тунел во Пелагонија, на патот Градско-Прилеп и еден тунел кај Битола. Вредноста на проектот е 23,4 милиони денари, пари обезбедени од буџетот на државата. Фирмата „Синатек“ од Скопје има рок да ги заврши градежните работи до крајот на годинава.