Леб од тиквички – здрава алтернатива на обичниот леб

Лебот од тиквички е одлична замена за обичниот леб. 

Тиквичките се здрави и богати со витамините Б и Ц,  како и калиум, а тие се и многу вкусни. 

Ова е одличен рецепт за брз леб со тиквички.

Потребни состојки:

2 поголеми тиквички

2 јајца

350 гр. брашно

150 гр. масло

150 гр. фета сирење

1 мала лажичка прашок за пециво

сол и бибер

Начин на подготовка:

Излупете ги и изрендајте ги тиквиците и оставете да отстојат малку, а потоа добро исцедете ги. Ставете ги во сад, а потоа додадете ги останатите состојки. Прво јајцата, а потоа брашното и маслото, фета сирењето и прашокот за пециво.

На крајот, додадете малку сол и бибер и измешајте добро. 

Ставете ја смесата во калап за печење леб, а одозгора наросете сусам или ленено семе. Печете на 180 степени, околу 40 минути, додека не добие убава, златна боја. 

Оставете го лебот да се олади, а потоа можете да дегустирате.