Леб од тиква за есенско уживање

Леб со вкус кој е задоволство за сите сетила. Искористете ја тиквата на многу начини, рецептите со неа се неверојатни.

Состојки:

Една коцка свеж квасец
Една лажичка шеќер
Две лажички сол
1 кг брашно
100 мл масло
500 гр тиква
Вода

Подготовка:

Тиквата сварете ја и направете пире. Квасецот стопете го со малку вода, лажичка шеќер и малку брашно и оставете да стаса. 

Во остатокот од брашното ставете го пирето од тиква, маслото, смесата со квасец и додавајте млака вода додека да добиете меко тесто. Оставете да нарасне половина час. 

Размесете уште еднаш и поделете на три векни. Печете во загреана рерна на 180 степени. 

Забелешка: Вака подготвен, лебот има неутрален вкус и можете да го јадете во секаква комбинација. Но, ако ставите малку шеќер, суво овошје или некој џем, можете да добиете десерт. Исто така, со повеќе сол и зачински билки, добивате леб за солени комбинации и сендвичи.