Лажен лекар од Македонија измамил тројца граѓани во Врање - српската полиција го привела

Српската полиција соопшти дека во Врање бил приведен државјанин на Македонија под сомнение за продолжено кривично дело измама.

Осомничениот С.К. (1970г) се товари дека од 4 до 13 јуни годинава им се јавил на тројца граѓани од областа на Врање на нивните фиксни телефони, претставувајќи се како лекар од Македонија, и им кажал дека нивни блиски членови на семејството наводно се тешко повредени, со што ги довел во заблуда и подоцна отишол на нивни адреси и зел големи суми пари.

За приведениот ќе биде поднесена кривична пријава.