Лазања со маскарпоне

Подготвувањето на бешамел-сосот не е тешко, но на многу луѓе не им се допаѓа тој вкус. Па, наместо бешамел, употребете неутрално сирење маскарпоне. Вкусот ќе ве воодушеви. 

Состојки:

Маслиново масло
400 гр мешано мелено месо
240 гр конзервиран домат пелат
200 мл павлака за готвење
Тестенини лазањи
200 гр маскарпоне
Рендан кашкавал

Подготовка:

Месото динстајте го со маслиново масло, ставете ги доматите, варете кратко, па ставете млака вода (околу половина литар) и оставете да се вари на тивко. Зачинете, па ставете 100 мл павлака за готвење. 

Оставете ја смесата потечна, бидејќи тестенините ќе ги ставате суви. 

Ставете кори за лазања, премачкајте со маскарпоне, па врз тоа ставете од сосот. Продолжете додека имате сос. Најгоре завршете со маскарпоне, прелијте со павлака за готвење и ставете го ренданото сирење. 

Печете 40 минути на 180 степени.