Латиновски со отчет: Во општина Бутел реализирани над 230 проекти- три пати повеќе од ветеното

Градоначалникот на општина Бутел, Петре Латиновски денеска ја одржа прес конференцијата на која го презентираше отчетот за сработеното во периодот 2013 – 2017 година.

– Денеска имам задоволство да го презентирам сработеното во изминатите четири години, односно пред Вас, почитувани граѓани, да го презентирам отчетот за реализираните проекти и дела во општина Бутел за периодот 2013-2017 година, истакна на самиот почеток гардоначалникот Латиновски.

Општина Бутел веќе има традиција на интензивна, континуирана и транспарентна комуникација со Вас, почитувани граѓани. – додаде Латиновски и продолжи: Колку од ветеното е исполнето ќе презентирам и денеска како моја обврска и задоволство, зашто Вие почитувани граѓани, сте клучните чинители на општината Бутел. Општина Бутел, иако најмала општина во рамките на Градот Скопје, би рекол и една од посиромашните во Република Македонија, во изминатите четири години, (без проектите што се реализираат во тековниов период март- октомври 2017), има реализирано над 230 проекти. Тоа е три пати повеќе од бројот на проектите што се ветени во програмата за изминатите четири години.

Латиновски посочи дека, голем дел од проектите се идеи и барања на граѓаните. Но, сепак, истакна Латиновски,- Најважно е што директно или индиректно бенефит од сработаните проекти имаат сите граѓани на општина Бутел.

– Изградивме 40 улици и патишта  со 32 964 м2, во вредност од 45 128 566 ден.- Изградивме 10 738 метри, фекална и атмосферска канализација, како дел од 29 канализациони мрежи, во вредност од 43 391 010 ден. Во овој отчет кој ќе стигне до секој Ваш дом, а ќе биде објавен и на веб – страната на општината, детално ќе видите и ќе прочитате и за десетиците километри поставено ново улично осветлување, за илјадниците метри нови тротоари, за донесените ДУП-ови, за двете нови индустриски зони: Расадник и Љуботенски пат, за завршените легализации на дивоизградените објекти, за проектите од културата и за се што сме сработиле во изминатите четири години. Во оваа пригода би сакал да ги издвојам поголемите реализирани проекти како што се:- Новото ОУ ,,Живко Брајковски,,- Новата градинка во населба Радишани- Новата спортска сала во Љубанци- Две повеќенаменски спортски игралишта во Бутел1 и во Бутел2, како и 9 детски забавни игралишта- Темелна реконструкција на 6 – те основни училишта на територијата на општина Бутел. – Темелна реконструкција на 2 детски градинки во Бутел2 и Скопје Север- Плоштад во н. Радишани со мини фонтана и забавни детски содржини и други проекти реализирани со деноноќно  и макотрпно работење во изминатите четири години.

Во завршниот дел од презентацијата на отчетот градоначалникот Петре Латиновски им се обрати на граѓаните со следнава порака:

Заедно со Вас и вербата во максимата дека секогаш може подобро и повеќе, ја градевме општина Бутел раскажувајќи ја нејзината убава и успешна приказна во изминатите четири, односно 12 години. Бевме и сме уверени дека работата која носи подобро, секогаш е предуслов за зголемување на квалитетот на живеење на секој граѓанин. Ја развивавме нашата општина Бутел, согласно демократските принципи, независно од етничката, верската и политичката припадност на нашите граѓани. Со заеднички сили и натаму да ја градиме општина Бутел која е веќе поставена на здрави темели, со јасно трасиран пат за понатамошен: развој, напредок и просперитет.