Латино џез вечер на Карпошово културно лето

Во звукот на латино џез ритамот, карпошани вчеравечер се забавуваа на вториот ден од Карпошово културно лето-2023. Со интерпретациите на традиционалната кубанска салса музика, бразилска самба и латино џез музика, добро познатиот Тумбао салса бенд на свој сопствен начин ја поврза македонската народна музика.

Многубројните хитови беа испеани од главниот вокал на бендот, Билјана Ѓошева, а беше придружувана од љубителите на овој вид музика, а афро-кубанската латино еуфорија беше загарантирана.

Оваа вечер, на платото „Млечен”, групата ДНК ќе биде задолжена за добра забава на карпошани, како дел од овогодинешното Културно лето Карпош 2023.