Лани во четвртиот квартал 151.972 невработени од вкупно 941.524 активни лица

Во четвртото тримесечје од минатата година бројот на активното население во земјава изнесувал 941.524 лица, од кои 789.552 биле вработени, а 151.972 невработени лица.

Од вработените 471.739 лица биле од машки пол, а 317.813 од женски. Бројот на невработени мажи изнесувал 93.674, а на невработени жени 58.289. Од невработените дури 32.971 лице се со завршено високо образование.

Во четвртиот квартал од 2019 година, пак, бројот на активно население изнесувал 968.604 од кои 807.362 биле вработени,а 161.242 невработени лица.

Според податоците на Државниот завод за статистика, стапката на активност во четвртиот квартал од 2020 година е 55,9, стапката на вработеност 46,8, додека стапката на невработеност изнесува 16,1.