Ламборџини направи сообраќајка во Скопје

Луксузен автомобил со марка „Ламборџини“, на полноќ, се судри со друго возило во ценарот на Скопје. Случајните минувачи направија фотографии од случката, со што ја започнаа дебатата „Што навистина се случи со луксузното Ламборџини“.

Според коментарите и јавните објави на социјалните мрежи, може да се дојде до заклучок дека голем дел од луѓето веруваат дека не станува за сообраќајна незгода, како што изгледа, туку дека автомобилот се расипал.

Првичните официјални информации за настанот ги сподели „Курир“, со што ја откривме вистината. 

„На крстосница од булеварите „Гоце Делчев“ и „Крсте Петков Мисирсков“ дошло до судир меѓу „Цитроен“ со кумановски регистерски ознаки и „Ламборџини“ со швајцарски регистерски ознаки“, истакнаа од МВР за „Курир“.

За среќа, во несреќата нема повредени, а причинета била само материјална штета.