Ламбе Алабаковски вечерва настапува на патрон-празникот во Илинден

Во амфитеатарот во комплексот на Домот на култура „Илинден“, во населба Илинден, денеска на свечен начин ќе биде одбележан патрониот празник на Општина Илинден „Илинден 2-ри Август“ и националниот празник на македонскиот народ.

Манифестацијата по повод одбележувањето на Денот на Општината ќе ја отвори оперскиот пејач Никола Стојчески со интонирање на државната химна, а подоцна ќе настапат добро познатите македонски музички изведувачи, Ибуш Ибраимовски и Ламбе Алабаковски.

Во рамки на одбележувањето, се одржа и традиционалната крводарителска акција.