Лајка со јавен повик: Донесете ги маалските миленици на хуман третман, потоа ќе бидат вратени на истата локација

По објавениот повик минатата недела, многу граѓани ги донесоа маалските миленици во прифатилиштето на ЈП Лајка и истите по спроведениот хуман третман ќе бидат вратени назад на нивната локација, информираат од Лајка. 

Оттаму потсетуваат дека повикот и понатаму важи.

-Повикот се однесува на бездомните кучиња кои се наоѓаат во општините на територија на град Скопје, кои немаат ушна маркица, се видно здрави и се над 7 месечна возраст. Потребна е претходна најава на електронската адреса info@lajka.com.mk или телефонски на 02/2 56 58 59 и 071 219 925. Им благодариме на граѓаните кои преку овој повик заедно со нас придонесуваат што повеќе бездомни кучиња да го поминат хуманиот третман и превенирајќи понатамошно размножување и создавање на нови млади единки, порачаа денеска од Лајка.