„Лајка“: Се вдомува Јан - бараме сериозен вдомувач кој има искуство со расата доберман

Јан е најден во очајна состојба со само 27 килограми, видно малтретиран и со видливи повреди по телото.

Со многу грижа и внимание сега тежи 35 килограми и новиот вдомувач е должен постепено да му ги зголемува килограмите со избалансирана исхрана.

Има 4 години и доминантен карактер. Обожава да се гали со луѓе но не е толерантен кон други кучиња.

ЈАН има уредна крвна слика, негативен 4D тест и негативен тест на лишманија по акредитирана метода.

Го добивате со пасош, кастриран, прочистен од внатрешни и надворешни паразити, чипиран, вакциниран против беснило и заразни болести, избањат и со стекнати хигиенски навики.

За подетални информации и прашалник за вдомување можете да пишете на vdomi@lajka.com.mk