„Лајка“: Направи херојски чин - грижи се за маалските кучиња

Многу бездомни кучиња во овој период на ниски температури во потрага по храна и топло засолниште, се исложени на студ кој може да доведе до појава од хипотермија.

ЈП „Лајка“ побара од граѓаните да бидат хумани и да се грижат за маалските кучиња.

- Бидете хумани, грижете се за маалските кучиња, оставете им храна и вода, направете им привремено засолниште од картони или отворетe го влезот од зградите каде што живеете за да се засолнат, донирајте и поставете им ќебенце, ќилимче или друга топла подлога и секако поттикнете ги вашите соседи и жители во вашето населено место да го сторат истото, објавија од „Лајка“.